За отпорноста на градовите последните години наголемо се истражува, дискутира и делува низ светот, а поимот сѐ почесто се користи и кај нас. Имаме и Стратегија за отпорно Скопје и неколку студии кои истражуваат посебни сегменти од оваа тема. Но за точно да прецизираме што подразбира отпорност на еден град и што тоа подразбира во контекстот на Скопје консултираме двајца соговорници кои засебно се бават со одделни сегменти на проблемот.
Во поткастот зборуваме со биологот Кирил Арсовски кои во моментот е вклучен го „Upsurge“ - голем меѓународен проект на истражувачки и научни организации од цела Европа меѓу кои е и Институтот за комуникациски студии од Скопје за идентификување на решенија за зголемување на отпорноста на градовите инспирирани од природата и со архитектката и урбан социолог Ива Петрунова.
Кога е во прашање Скопје двајцата не се големи оптимисти, но сепак гледаат сегменти во градот на кои би можеле да се подобрат за нашата метропола да биде поотпорна на сите предизвици, а најмногу на оние кои ќе ги носат климатските промени. Отпорност на градовите не е само отпорност на земјотреси, туку и на загадување, топлина, поплави, метеж, бука... баш сѐ она што му недостасува на Скопје.
Comments (0)
To leave or reply to comments, please download free Podbean or
No Comments
To leave or reply to comments,
please download free Podbean App.