Поговорката дека е подобро да се спречи отколку да се лечи може да се примени и во случајот со шумските пожари во кои годинава изгоре рекордна површина шуми. За да се создадат, да се опремат и да се обучат 50 противпожарни тимови кои ќе спречат да изгорат околу 3.000 хектари шума годишно е многу поевтино и трае многу покусо време отколку да се расчистува и повторно да се пошумува изгорената површина за што е потребно да поминат години. А со климатските промени е многу извесно дека оваа споредба уште повеќе ќе се продлабочува.
За дупките во системот за превенција на пожари и за можните решенија, во овој поткаст разговараме со Цветан Николов, раководител на регионалниот проект за Управување со пожари во отворени предели во Западен Балкан (LFMWB) кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и во кој покрај Македонија вклучени се и институции и организации и од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово. За искуствата со пошумувањето на веќе изгорените подрачја што се прави со акцијата „Боренка“ која ја води Сојузот на извидници на Македонија разговараме со извидничката Ева Блажевска.
No comments yet. Be the first to say something!