Европската јагула, која кај нас е присутна во водите на реката Црн Дрим, односно Охридското езеро е уште една од многуте необични природни реткости. За овој вид е карактеристично да процесот на размножување го остварат во Саргасовото море, оддалечено илјадници километри оттука.
Но, човекот со своите дејствија успеал уште еднаш да влијае на природните животински патишта, па така, со изградбата на браните Глобочица и Шпиље од македонската страна на Црн Дрим, како и уште 4 од албанската страна, е целосно попречено таканареченото „свадбено патување“ на јагулата.
За интригантните карактеристики на јагулата, како и можниот спас на нејзиниот вид, Дино Чупевски разговара со кустос биологот Данче Аџиоски од Музејот „д-р Никола Незлобински“ во Струга, хидробиологот Зоран Спирковски и раководителот на одделението за рибарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Игор Бојаџиевски.
Version: 20241125
Comments (0)
To leave or reply to comments, please download free Podbean or
No Comments
To leave or reply to comments,
please download free Podbean App.